Videos | Видео записи
On this page
Политички донации, подароци и правилата
Political donations, gifts and the rules
Дали знаевте дека постојат правила за давање на финансиска поддршка на политички парти, кандидати и други поединци и организации вклучени во политиката или изборите во Нов Јужен Велс?
Подарок даден на политичар, политичка партија или на други поединци или организации вклучени во политиката и изборите во Нов Јужен Велс може да биде политичка донација.
Ако давате донација во готовина, износот не смее да биде поголем од 100 долари. Паричните донации во поголеми износи од овој мора да се достават електронски или со чек.
Политичките донации во Нов Јужен Велс исто така може да вклучуваат:
Нудење на стока и услуги бесплатно или по намалена цена.
Купување на билети или други работи за политички настани за собирање на средства.
Платена членарина за политички партии и ненаплатена или намалена камата на заем.
Организацијата или лицето на кое му донирате може исто така да ве праша да за вашето име и адреса.
Ова му помага на примателот, и Изборната комисија на Нов Јужен Велс, да осигураат дека ви е законски дозволено да донирате и дека вашата донација не го надминува ограничувањето за донации за таа финансиска година.
Можеби исто така ќе бидете законски обврзани да и ги пријавите на Изборната комисија на Нов Јужен Велс деталите за политичките донации кои ги давате. За овие видови на донации, примателот мора да ви даде потврда која вклучува информации за условите за пријавување на донации.
За да дознаете повеќе за правилата за давање донации и нивното пријавување, посетете ја веб-страницата elections.nsw.gov.au
Кој може да дава политички донации?
Who can make political donations?
Политичарите, политичките партии и поединици и организации вклучени во политика понекогаш бараат донации од поддржателите, особено во предизборието.
Затоа, важно е да се знаат правилата кои важат за политички донации во Нов Јужен Велс.
За да дадете политичка донација мора да сте запишани за гласање на изборите на сојузната влада или државните и локалните избори во Нов Јужен Велс.
Политички донатор исто така може да биде стопански субјект со ABN, ACN или друг признат деловен број; или лице или стопански субјект на кој му е одобрено да дава политички донации од Изборната комисија на Нов Јужен Велс.
Постојат ограничувања на износот кој некоја политичка партија, кандидат или друго лице или стопански субјект може да го примат од политички донатор во една финансиска година.
Овие ограничувања се нарекуваат ‘максимални износи на донации’.
Секоја финансиска година, нив ги ажурира и објавува Изборната комисија на Нов Јужен Велс на нивната веб-страница за да можете да ги видите.
Ако сакате да дадете донација во износ над 100 долари, тоа мора да го направите електронски или со чек, не во готовина, за таа да може правилно да се следи.
Посетете ја веб-страницата elections.nsw.gov.au за да дознаете повеќе за правилата за давање политички донации во Нов Јужен Велс.
Погрижете се вашите политички донациида бидат во согласност со законот
Make sure your political donations comply with the law
Политичките партии, кандидати и други поединци и организации вклучени во политика или избори може да побараат донации или други видови на поддршка, особено пред избори во Нов Јужен Велс.
Ако ви биде побарано да дадете поддршка на политички учесник, секоја донација што ќе ја дадете мора да е во согласност со законот на Нов Јужен Велс.
Давањето на одредени политички донации може да биде кривично дело.
Како последица на тоа, може да бидете судски гонети од страна на Изборната комисија на Нов Јужен Велс.
Следува краток преглед на некои од работите кои треба да ги знаете кога давате донации.
Пред да дадете политичка донација, мора:
да бидете запишани за гласање;
да имате ABN или друг признаен деловен број;
или да ви биде одобрено од Изборната комисија на Нов Јужен Велс да давате политички донации.
На одредени индустриски групи и нивните блиски соработници им е забрането да даваат политички донации во Нов Јужен Велс.
Градежните претпријатија, деловните субјекти од тутунската индустрија и деловните субјекти од индустријата за алкохолни пијалоци и коцкарската индустрија се забранети донатори.
Регистрираните клубови исто така може да бидат забранети донатори.
Организациите – претставници на индустрија се забранети донатори ако мнозинството на нивните членови се забранети донатори.
Исто така, постојат ограничувања на вкупниот износ што кој било политички учесник може да го прими од донатор во една финансиска година.
Овие ограничувања се „максимални износи на донации“ и може да се најдат на веб-страницата на Изборната комисија на Нов Јужен Велс.
На крај, ако сакате да дадете донација во износ поголем од 100 долари, тоа не можете да го направите во готово.
Мора да дадете донација електронски или со чек, за таа да може лесно да се следи за ревизија.
Погрижете се да ги знаете и следите правилата со тоа што ќе ја посетите веб-страницата elections.nsw.gov.au.
Што се политички донациикои мора да се пријават?
What are reportable political donations?
Во Нов Јужен Велс се применуваат важни правила за политички донатори.
Ако давате пари на политички кандидат или организација во Нов Јужен Велс, можеби давате таканаречена „политичка донација која мора да се пријави“.
Политичка донација која мора да се пријави е еднократна донација во износ од 1.000 долари или повеќе; или повеќекратни мали донации на исто лице или иста политичка партија во една финансиска година чиј вкупен износ е 1.000 долари или повеќе.
Ако давате донација која мора да се пријави, лицето што ја прима вашата донација мора да го заведе вашето име и адреса и да ви даде потврда.
Вие исто така мора да ја пријавите донацијата на Изборната комисија на Нов Јужен Велс.
Исто така, постојат важни ограничувања за давање политички донации во Нов Јужен Велс.
На пример, донации во готово во износ поголем од 100 долари никогаш не смеат да се даваат или примаат.
Покрај тоа, на некои индустриски групи и нивните блиски соработници сосема им е забрането да даваат политички донации.
Тоа се: градежни претпријатија, деловни субјекти од тутунската индустрија и деловни субјекти од индустријата за алкохолни пијалоци и коцкарската индустрија, вклучително регистрирани клубови чии дејности вклучуваат обложување или други видови на коцкање.
Организациите – претставници на индустрија исто така се забранети донатори, ако мнозинството на нивните членови се забранети донатори.
Посетете ја веб-страницата elections.nsw.gov.au за да дознаете повеќе за изборите и за давањето политички донации на поединци или политички партии.
Пријавете ги политичките донации кои сте ги дале
Disclosing the political donations you’ve made
Ако давате политичка донација на политичка партија во Нов Јужен Велс, на кандидат или друг политички учесник во Нов Јужен Велс, можеби ќе имате законска обврска да ја пријавите донацијата во Изборната комисија на Нов Јужен Велс.
Политичка донација која мора да се пријави е еднократна донација во износ од 1.000 долари или повеќе или повеќекратни мали донации дадени на ист примател во една финансиска година кои кога ќе се соберат, вкупниот износ е 1.000 долари или повеќе.
Политичките донатори мора да ги пријават сите политички донации кои мора да се пријават кои ги даваат.
Политичките донатори кои даваат политички донации кои мора да се пријават се главни политички донатори и тие мора годишно да ги пријавуваат донациите на Изборната комисија на Нов Јужен Велс после завршувањето на финансиската година.
Секој главен политички донатор е одговорен да ги пријави донациите до крајниот рок на секоја година.
Не чекајте да ве потсетат.
Пријавените донации од донаторите се проверуваат наспроти пријавените донациите од политичките партии, кандидатите и други политички учесници.
Ова помага да се потврди декат тие се точни.
Изборната комисија на Нов Јужен Велс е обврзана да ги објави пријавените донации на нивната веб-страница заради транспарентност.
Ова ги вклучува имињата и адресите на главните политички донатори.
Посетете ја веб-страницата elections.nsw.gov.au за да дознаете повеќе кога и како да ги пријавите политичките донации во Нов Јужен Велс.
Настани за собирање средства, донации и законот
Fundraisers, donations and the rules
Политичките партии, политичарите и кандидатите кои учествуваат на избори често организираат настани за собирање средства за нивните изборни кампањи.
Важно е да ги знаете правилата кои важат за овие настани.
На пример, ако платите да присуствувате или учествувате на таков настан,можеби давате политичка донација - и во Нов Јужен Велс важат строги правила за такви донации.
Ако купите билет или нешто друго додека сте на настан за собирање средства, износот што го плаќате е политичка донација.
Ако платите за други лица да дојдат со вас, политичката донација што ја давате го вклучува износот што го плаќате за нив.
Ако понудите највисока цена на лицитација на настан за собирање средства и победите или ако купите билети за томбола додека сте таму се исто така чести примери на давање политички донации на настан за собирање средства.
За државните или локалните избори во Нов Јужен Велс, не можете да платите за ниту еден од овие придонеси во готово ако нивната вредност е над 100 долари.
Донации во износ над 100 долари се дозволени само со електронско плаќање или со чек.
Давањето политички донации е дозволено само ако сте запишани за гласање или ако имате ABN или друг регистриран деловен број или ако ви е одобрено од Изборната комисија на Нов Јужен Велс да давате политички донации.
Можеби исто така ќе треба да ги пријавите на Изборната комисија на Нов Јужен Велс политичките донации кои ги давате на настан за собирање средства.
На градежните претпријатија и корпорациите од тутунската индустрија, компании од индустријата за алкохолни пијалоци и коцкарската индустрија им е забрането да даваат политички донации.
На регистрирани клубови чии деловни дејности вклучуваат обложување или други видови на коцкање им е забрането да даваат политички донации.
На организации – претставници на индустрија исто така им е забрането да даваат политички донации во Нов Јужен Велс ако мнозинството на нивните членови се забранети донатори.
Забранетите донатори не смеат да платат за да присуствуваат на политички настан за собирање средства или некој друг да плати во нивно име.
Пред да учествувате на настан за собирање средства за политичка или предизборна кампања во Нов Јужен Велс, научете ги правилата што важат на веб-страницата elections.nsw.gov.au.
Правила како да се биде политички донатор
Rules for being a political donor
Во Нов Јужен Велс се применуваат важни правила за политички донатори.
Ако давате пари на политички кандидат или организација во Нов Јужен Велс, можеби давате таканаречена ‘политичка донација која мора да се пријави’.
Политичка донација која мора да се пријави е еднократна донација во износ од илјада долари или повеќе; или повеќекратни мали донации на иста личност или иста политичка партија во една финансиска година; кои, кога ќе се соберат, вкупниот износ е една илјада долари или повеќе.
Меѓутоа, постојат неколку ограничувања.
Донации во готовина во износ поголем од сто долари никогаш не смеат да се даваат или примаат.
Во забранети донатори се вклучуваат градежни претпријатија и групации, групации вклучени во индустриските гранки за тутун, алкохол или коцкање, како и нивните блиски соработници.
На крај, ако давате донација која мора да се пријави, лицето што ја прима вашата донација мора да го заведе вашето име и адреса и да ви даде потврда.
Вие исто така мора да ја пријавите донацијата во Изборната комисија на Нов Јужен Велс.
Посетете ја веб-страницата elections.nsw.gov.au за да дознаете повеќе за изборите и давање на донации на поединци или политички организации.